Почина поранешниот политички стратег на Путин, Глеб Павловски

Глеб Павловски

Рускиот политиколог Глеб Павловски, кој неколку години му беше и советник на рускиот претседател Владимир Путин, почина на 71 година.

Засега не е наведена причината за неговата смрт. Во последните месеци Павловски беше тешко болен, а последните неколку недели ги помина во болница.

Поранешниот советски дисидент, Павловски беше близок соработник на Путин од 1996 до 2011 година, кога беше отпуштен. Тој потоа стана владин критичар.

Павловски беше вклучен и во неуспешната претседателска кампања на Виктор Јанукович во Украина во 2004 година.

Видете и ова: Долгогодишен советник на Путин: Рускиот лидер е опседнат со Украина

Тој е роден во 1951 година во Одеса.

Павловски во интервју за Радио Слободна Европа во април 2022, рече дека рускиот лидер стапнал на стапица во Украина. Тој тогаш предвидуваше дека руската инвазија врз Украина скапо ќе ги чини Путин и Русија.