Турската влада да поднесе оставка побараа навивачите на истанбулските фудбалски клубови. Навивачите на „Бешикташ“ тоа го сторија синоќа, 26 февруари, а на „Фенербахче, ден претходно. Тие скандираа и фрлија стотици плишани играчки на теренот во спомен на децата жртви од земјотресот на 6 февруари.
„Владо, оставка!“ се пееше додека Бешикташ одигра 0:0 со Анталијаспор. Протестот, што се одржа за време на натпреварот, следи по протестот на навивачите на колегите од истанбулскиот клуб Фенербахче на нивниот стадион во саботата. Навивачите на Фенербахче изразија слични чувства по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер во кој само во Турција загинаа повеќе од 44 илјад луѓе.
Видете и ова: Турските власти приведоа 184 лица поради урнатите згради во земјотресот„Дваесет години лаги и мамење, оставка“, скандираа навивачите на Фенербахче за време на победата над Коњаспор од 4:0.
Противниците на турската Влада го критикуваа, како што сметаат, несоодветниот одговор на владејачките власти на природната катастрофа.
На 14 мај во Турција треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.