Белоруски антивладини активисти ја презедоа одговорноста за, како што рекоа, нападот со беспилотно летало врз рускиот надзорен авион А-50 на аеродром во близина на белорускиот главен град Минск во неделата.
„Тоа беа беспилотни летала. Учесниците во операцијата се Белоруси“, соопшти на Алиаксандар Азаров, водачот на белоруската антивладина организација БИПОЛ, цитиран на каналот Телеграм на оваа организација и на полскиот информативен канал Белсат.
„Тие се сега безбедни, надвор од земјата“, додаде тој.
Лидерката на белоруската опозиција Свјетлана Тихановска изјави дека е горда на нив.
„Горда сум на сите Белоруси кои продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина“, напиша Тихановска.
Ројтерс не беше во можност самостојно да го потврди извештајот за нападот. Нема официјална потврда од Русија или Белорусија, а немаше итен одговор од нивните министерства за одбрана на барањата за коментар.
Белсат е полски радиодифузер фокусиран на вести од Белорусија кои Минск ги смета за екстремистички. Бипол, што вклучува поранешни службеници за спроведување на законот кои ги поддржуваат опозициските политичари, е прогласена за терористичка организација.
Франак Вијачорка, советник на лидерката на белоруската опозиција Свјетлана Тихановска, на Твитер напиша дека е тоа најуспешниот чин на саботажа од почетокот на 2022 година.
Рускиот авион „Бериев А-50“ е наменет за воздушно рано предупредување, со воздушни командни и контролни способности и можност за следење до 60 цели истовремено.
Од почетокот на руската инвазија на Украина пред една година, имаше неколку чинови на саботажа во Белорусија и во руските региони кои граничат со Украина, особено на железничкиот систем.
Видете и ова: Белорусија воведува смртна казна за војници и државни службеници, ако направат предавствоБелорускиот претседател Александар Лукашенко не учествува директно во војната на Русија против Украина, но им дозволи пристап на руските сили за користење на територијата на почетокот на инвазијата пред една година.
Русија и Белорусија формираа заедничка воена единица во Белорусија и одржаа бројни вежби. Голем број руски воени авиони и авиони за рано предупредување и контрола се распоредени во Белорусија.