Зеленски отпушти висок командант на украинската војска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 26 февруари отпушти висок воен командант кој помагаше во водењето на борбата против руските трупи на источниот дел на земјата, но не наведе причина за овој потег.

Тој го најави разрешувањето на Едуард Москаљов од командант на здружените сили на Украина, вклучени во битките во регионот на Донбас.

Москаљов беше на функцијата од март 2022 година.

Видете и ова: Украина тврди дека е соборен руски авион

Руските сили се обидуваат да ги заземат двата источни региони кои го сочинуваат Донбас, а Зеленски во последните недели различно ја опишува воената ситуација на исток како тешка и болна.