Временска прогноза - Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Жена до чадор во центарот на Скопје.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Видете и ова: Лето 2022 - најжешко досега во Европа

Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.