Државната изборна комисија на Црна Гора на денешната седница ја потврди претседателската кандидатура на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ.
Утврдено е дека доставената документација е точна и била утврдена важност на 8.465 потписи.
Претставниците на ДПС вчера до ДИК ја доставија кандидатурата на Ѓукановиќ за претседателските избори во Црна Гора.
Видете и ова: Црна Гора од лидер на интеграциите до можно блокирање на преговарачкиот процесДИК досега ги утврди претседателските кандидатури на лидерот на Нова српска демократија Андрија Мандиќ и на пратеничката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ - Станковиќ.
Претседателските избори се закажани за 19 март, а кандидатурите до Државната изборна комисија треба да се достават до вечерва на полноќ.