Еден мигрант загина, а 32-ца се повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија

илустрација

Илегален мигрант загина денеска во сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во областа Чирпана, јавија бугарските медиуми.

Според првичните информации едно машко лице загинало на местото на несреќата, додека повредените се префрлени во болниците во Чипран и Стара Загора.

Видете и ова: Бугарската полиција пронајде 43 мигратни во минибус

Во минибусот патувале 46 мигранти од кои 32 се повредени.

Како што јави БТВ, во минибусот патувале мигранти од Авганистан. Полицијата уапси еден човек за кој има сомнение дека е организатор на илегалното префрлување мигранти.