Украинската војска денеска соопшти дека одбила повеќе од 70 напади на руските сили еден ден претходно, додека висок претставник на военото разузнавање изјави дека Украина е подготвена за руска офанзива.
Украинскиот Генералштаб соопшти дека Русија ги „концентрира своите главни напори“ на офанзивата во регионот Купјанск во близина на Харков, на североисток и во Бахмут, Авдијивка, Лиман и Шахтјор појужно во Донецк.
Се наведува дека Русија извршила 14 ракетни и 19 воздушни напади.
Видете и ова: Путин го обвини НАТО за учество во конфликтот во УкраинаОфицијален Киев, исто така, соопшти дека градскиот обвинител назначен од Русија во градот Хорливка во областа Донецк „поднел оставка“ и „се подготвува да се евакуира“ во Русија „поради стравувањата од деокупација“ на територијата во областа.
„Руските сили ја задржаа одбраната во правец на Херсон и Запорожје на југ“, соопшти украинскиот Генералштаб.
Во меѓувреме, заменик-шефот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, Вадим Скибицки, изјави дека верува дека украинските сили ќе бидат подготвени за контраофанзива оваа пролет.