Путин го обвини НАТО за учество во конфликтот во Украина

Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини членките на НАТО дека учествуваат во конфликтот во Украина со донирање оружје на таа земја и рече дека Западот планира да ја ликвидира Русија.

„Тие испраќаат десетици милијарди долари оружје во Украина. Ова е навистина учество.Тоа значи дека тие учествуваат, иако индиректно, во злосторствата извршени од режимот во Киев“, рече Путин во интервјуто за каналот „Россија-1“ емитувано денеска.

Тој додаде дека Русија нема избор и мора да ги земе предвид нуклеарните капацитети на НАТО.

„Во денешни услови, кога сите водечки земји на НАТО ја декларираа својата главна цел - да ни нанесат стратешки пораз, да го натераме нашиот народ да страда, како можеме да ги игнорираме нивните нуклеарни способности?“, рече Путин, а пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека и западните земји имаат „една цел - да го распуштат поранешниот Советски Сојуз и неговиот главен дел - Руската Федерација“.

„Дури тогаш можеби ќе не примат во таканареченото семејство на цивилизирани народи, но само посебно, секој дел посебно“, истакнува Путин во интервјуто.

Видете и ова: Западот едногласен во поддршката за Украина

На 24 февруари 2022 година, Москва започна инвазија врзУкраина.

Во првата година од војната, десетици илјади луѓе загинаа, вклучително и илјадници цивили, милиони станаа бегалци, а некои градови беа целосно уништени.

Експертите предупредуваат дека најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна би можел да трае со години, а се погласни се стравувањата дека може да прерасне во директен конфликт меѓу Русија и НАТО.