Земјотрес од 6,1 степен во северниот дел од Јапонија

илустрација

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот дел на јапонскиот остров Хокаидо, соопштија властите, но не е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот го погоди полуостровот Немуро на длабочина од 61 километар, соопшти Националниот институт за науки и катастрофи.

Засега нема извештаи за штети или повредени.

Во две општини во Хокаидо е регистриран земјотрес со јачина „помалку од пет“ по јапонска скала до седум, што го мери движењето на земјата.