Шолц и Моди се обврзаа да склучат договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Индија

Германскиот канцелар Олаф Шолц и индискиот премиер Нарендра Моди, 25 февруари 2023

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека тој и индискиот премиер Нарендра Моди се посветени на склучување договор за слободна трговија меѓу Индија и Европската унија (ЕУ).

„Тоа е важна тема и јас лично ќе се вклучам“, рече Шолц по средбата со Моди во Њу Делхи, пишува Ројтерс.

Минатата година Европската унија и Индија ги обновија преговорите за склучување договор за слободна трговија со цел да се завршат преговорите до крајот на 2023 година.

Видете и ова: Шефовите за финансии на Г20 со различни ставови за долговите и војната во Украина

За ЕУ, договорот за слободна трговија со Индија ќе одговара на нејзината стратегија за зголемување на ангажманот со индо-пацифичкиот регион, каде што блокот сака да склучи билатерални договори за да го искористи очекуваниот повисок економски раст.Договорот може да дејствува и како противтежа на зголеменото влијание на Кина во регионот.

Шолц се сретна со Моди еден ден по првата годишнина од руската инвазија на Украина. Неговата посета, заедно со голема деловна делегација, ја истакна зголемената важност на Делхи за западните сили кои бараат поддршка за нивното противење на војната.

„Војната трае веќе една година. Тоа е страшна војна со многу уништувања, голема катастрофа. Светот страда поради оваа агресија, но ние ќе направиме се што можеме за да го одржиме светот на добро место “, рече Шолц, додавајќи дека соработката меѓу Индија и Германија е „многу важна“.

Моди се обиде да го пренасочи тековниот состанок на Групата 20 од дискусија за војната во Украина. Неговата влада не ја критикуваше отворено Москва за инвазијата, туку повика на дијалог и дипломатија за да се стави крај на војната. Индија, исто така, нагло го зголеми купувањето на нафта од Русија, нејзиниот најголем снабдувач на нуспроизводи, иако цените паднаа.