Во рамките на иницијативата за помош во безбедноста, Министерството за одбрана на САД објави дополнителна помош за Украина во висина од две милијарди долари.
„Овој пакет помош ја потврдува неизменетата поддршка на Соединетите Држави за Украина, со поставување дополнителни беспилотни летала, средства за детектирање и соборување дронови, средства за радио-електронска врска како и критично важна муниција за артилерија и средства за остварување прецизен артилериски оган, со што се зацврстува способноста на Украина да ја одбие руската агресија, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.
Видете и ова: Западот едногласен во поддршката за УкраинаЗа соработата меѓу Иран и Русија, тој рече дека Иран се стреми кон таа соработка „според очигледи причини“.
„Тоа говори кон какви мерки Русија е принудена да прибегне поради неспособност целосно да се потпре на сопствената одбранбена индустрија, губејќи снабдувачи и партнери како резултат на своите акции. А Иран влијае дестабилизирачки не само на Блискиот исток, туку сега извезува тероризам и во такви земји како Украина“, рече Рајдер.
Во врска со можното снабдување на Русија со кинеско оружје, тој кажа дека САД засега не набљудуваат дека Кина поставува огнено оружје на Русија. Тој потенцираше дека „Кина е предупредена од државниот секретар Блинкен и министерот Остин како и од останати, за последиците доколку ја снабди Русија со огнено оружје и дека новопредложениот мировен план на Кина вклучува и почитување на суверенитетот на сите земји“.