Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб, најави минитерот за економија Крешник Бектеши.
„Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки“, изјави Бектеши.
Мерката, според Бектеши, ќе важи се додека е во интерес за граѓаните. Цените, како што појасни, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.
Видете и ова: Бектеши: Се разгледуваат сите опции за намалување на цените на основните производиЗа овошје и зеленчук, Бектеши рече дека, чекаат предлог од МЗШВ, додека за другите производи речиси неделно ќе се прават поединечно анализи за сите производи и ако гледаат дека тоа се злоупотребува тогаш ќе донесат соодветни одлуки.
Лани цената на лебот поскапе за 44 проценти, а цената на некои лебови достигна и 100 денари. Освен замрзнувањето на цените, лани се презеде и друга мерка – замрзнување на маржите на трговците на мало и на големо.
Скокот на цените на прехранбените производи се должи на зголемената цена на горивата и енергетската криза, што се случи поради руската инвазија на Украина.