Шоле-Курти: Време е да се разговара за формирање Заедница на српски општини

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле и премиерот на Косово, Албин Курти

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, објави дека на премиерот на Косово, Албин Курти, му рекол дека сега е време да се разговара за Заедницата на српските општини.

Шоле на Твитер, по вчерашниот разговор со Курти, напиша дека и Приштина и Белград треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишале преку процесот на дијалог, вклучително и формирањето на ЗСО.

„Реков дека сега е време да се разговара за Заедницата на општините со српско мнозинство. И Косово и Србија треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишаа преку процесот на дијалог, вклучително и напредокот кон формирањето на ЗСО“, напиша Шоле на Твитер.

Видете и ова: САД очекуваат конструктивност од Вучиќ и Курти за европскиот предлог

Косовскиот премиер Курти потврдил дека Приштина го прифаќа европскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија, потврдија од косовската Влада.

„Премиерот во тој разговор го потврди својот став за европскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори во насока на нормализација на односите. За нормални, европски и добрососедски односи, премиерот Курти истакна дека покрај заемното признавање во основа на договорот мора да се земат предвид и правата на националните малцинства“, соопшти косовската Влада.