Времето сончево, дневни температури до 22 степени

илустрација

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура e во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 километри на час и ќе се задржи релативно топло време.

Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.