Бројот на затвореници во САД намален за една петтина

Илустрација

Бројот на затвореници во САД од година во година се намалува, па така од 2011 до 2021 година е помал за 22 отсто.

Бројот на лица кои издржуваат затворски казни, како и на тие кои се под условна казна се намалил за 61 илјади лица. Бројот на луѓе кои биле под надзор на крајот на 2021 година изнесувал околу 3,745 милиони, што е за 136 илјади луѓе помалку отколку на почетокот на таа година, соопшти американскиот Правосуден статистички завод, објави „Вашингтон пост“.

Видете и ова: Македонските затвори со стари проблеми

Надзорот падна на најниско ниво во последните 21 година, бидејќи 1.440 лица биле на условна казна на 100 илјади жители. Најголем број е забележан во 2007 година, кога на 100 илјади жители просечно на условна казна биле 2.240 лица.