Москва денеска ги предупреди Украина и нејзините западни сојузници дека нападот врз руските војници во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје ќе го смета за напад врз самата Русија и дека ќе следи „адекватен одговор “.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ги предупредува САД, земјите од НАТО и нивните украински посредници да не преземаат понатамошни авантуристички чекори“.
Видете и ова: Кремљ - Односите меѓу Русија и Молдавија се напнатиРеакцијата следи откако руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Украина планира „провокација“ во Придњестровје, каде Русија чува околу 1.500 војници, откако регионот поддржан од Москва еднострано прогласи независност за време на граѓанската војна во 1992 година.
Повикувајќи се на разузнавачки информации, но без да презентира никакви докази, руската армија изјави дека украинските војници, маскирани како Руси, планираат да спроведат операција со која ќе ја обвинат Русија за инвазија врз Украина од Придњестровје. Според тврдењата на руската армија, Киев би го искористил ова како изговор за да го нападне Придњестровје.
Видете и ова: Русија ги отфрла тврдењата на Молдавија дека Москва ја дестабилизира земјатаМолдавското Министерство за одбрана соопшти дека нема „директни закани“ за безбедноста на земјата и ги повика граѓаните да останат смирени, наведувајќи дека соработува со другите власти „за да се спречи секој обид за дестабилизација.
Пред една година Русија ја почна воената инвазија врз Украина и окупира делови од украинската територија. Западните земји го поддржуваат Киев и ѝ помагаат на Украина да се одбрани.