Претседателот на државата Стево Пендаровски, рече дека ниту една агресија не може да биде оправдана на денешната конференција, насловена „Украина, година на хероизмот“ на годишнината од почетокот руската инвазија врз Украина.
На страната на демократскиот дел од светот, не смее да има никакво двоумење дека сите злосторства треба да бидат детално истражени, а виновниците соочени со правдата, рече меѓу другото претседателот на државата.
Пендаровски беше категоричен дека легитимирањето на агресијата како средство за постигнување на било која цел, е, не само недозволено, туку и неморално, во свет, во кој основна вредност е човечкиот живот.
Видете и ова: Судбини на украински бегалци - ни на небо, ни на земјаПретседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека бил прв претседател на Собрание од регионот, којшто отиде во Украина, за лично и институционално да ја изрази поддршката за украинскиот народ и институции.
Тој нагласи дека патот за постигнување на мир е еден и за тоа треба да се седне на маса што поскоро.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека рускиот напад на Украина е напад на европските вредности.
„Затоа за нас беше лесно да се избере страна и први 100 проценти да се усогласиме со надворешната политика на Европската унија“, нагласи Маричиќ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Министерката за одбрана Славјанка Петровска, меѓу другото, посочи дека се одбележуваат 365 дена отпор, пркос, храброст, истрајност да се одбрани сопствената територија и оти Македонија останува цврсто посветена на поддршката и помошта за Украина
На настанот што го организираа Невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Македонија, имаше и проекција на краток филм, изложба на фотографии и промоција на книга за херојската борба на Украина.