Послаб земјотрес почувствуван во Струга

Струга.

Земјотрес е почувствуван во Струга и околината попладне во 12 часот и 19 минути, соопшти Европскиот медитерански сеизомолошки центар.

Епицентарот бил на 11 километри северозападно од Охрид на длабочина од два километра со магнитуда од 2,3 степени.

Земјотресот бил почувствуван и во Албанија.

Силен земјотрес на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија при што загинаа илјадници луѓе. Во тој регион и во понеделникот имаше земјотрес во кој повторно имаше неколку жртви.

Видете и ова: Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер во ретко населената област во Таџикистан

Oттогаш послаби земјотреси се почувствуваа во неколку земји во регионот, како на островот Крк во Хрватска, во Албанија, Романија. Послен земјотрес го погоди Таџикистан, но во ретко населена област.