Британската влада на 24 февруари соопшти дека воведува нов пакет санкции против Русија, вклучително и забрани за извоз на секој производ што Москва го користи на бојното поле.
Забраната вклучува делови за авиони, радио опрема и електронски компоненти што може да ги користи воената индустрија, вклучително и во производството на дронови, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.
Со санкциите, се опфатени и повеќе руски директори, вклучително и оние во нуклеарната централа Росатом, одбранбениот сектор и руски банки.
Видете и ова: Борбите беснеат додека Украина ја одбележува годишнината од инвазијатаВелика Британија ги донесе санкциите на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина.
Санкците се однесуваат на 92 физички лица и субјекти.
Лидерите на Групата седум најбогати нации (Г7) ќе се сретнат онлајн денеска со украинскиот претседател Володимир Зеленски и се очекува да разговараат за дополнителни санкции против Русија.