Германија ќе ја поддржува Украина „силно и онолку долго колку што е потребно“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на 24 февруари, на годишнината од руската инвазија на Украина.
„Она што не импресионира сите нас, тоа е одлучноста и храброста на Украинците, како тие ја бранат својата слобода“, рече Шолц во видео пораката по повод годишнината.
Шолц вели дека германската помош за Украина, за финансиска и хуманитарна поддршка, како и за оружје, досега изнесува повеќе од 14 милијарди евра (14,83 милијарди долари).
Германската влада ќе направи сè што е можно „да не дојде до ескалација на војната меѓу Русија и НАТО“, рече канцеларот.