Собранието по ноќната дебата, напладне продолжува со реконструкција на Владата

Премиерот Димитар Ковачевски, на седница на Собрание на Македонија.

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата за изборот на новите министри за правда, за здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање.

За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Дебатата траеше до два часот по полноќ, а претседателот на Собранието Талат Џафери го закажана продолжението за денеска во 12 часот.

Седницата за реконструкција на Владата започна на 13 февруари.

Премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на расправата за изборот на новите министри од кои тројца се од редовите на „Алијанса за Албанците“ ја побара довербата од пратениците за формирање на, како што посочи, постабилна, поуспешна, поефикасна и фокусирана Влада.

Видете и ова: Кој е покорумпиран - главна тема на пратеничките прашања

Реконструкцијата уследи откако на владината коалиција и се приклучи партијата Алијанса за Албанците, а потоа од Владата си замина Алтернатива. И двете партии се од албанскиот блок на политички партии во Македонија.