Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 февруари, одобри необврзувачка резолуција, со која се повикува Русија да ги прекине непријателствата во Украина и се бара повлекување на руските сили.
Со ова, ОН испратија силна порака дека агресијата на Москва мора да престане. Пораката доаѓа во пресрет на првата годишнина од инвазијата - дека.
„За“ резолуцијата гласаа 141, против беа 7, а 32 беа воздржани. Оваа резолуција доби нешто помалку гласови од претходните резолуции кои ги одобри Генералното собрание, кое брои 193 членки, откако Русија испрати војници и тенкови преку границата во Украина на 24 февруари 2022 година.
Генералното собрание стана најважното тело на ОН што се занимава со Украина бидејќи Советот за безбедност, одговорен за одржување на меѓународниот мир и безбедност, е парализиран од правото на вето што го има Русија.
Резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки, за разлика од резолуциите на Советот за безбедност, но служат како барометар на светското мислење.
Видете и ова: ОН се состанува за Украина, Киев бара резолуција за „мир“, Москва повикува да гласаат противМинистрите за надворешни работи и дипломати од повеќе од 75 земји се обратија на Генералното собрание за време на дводневната дебата, при што многумина повикаа на поддршка за резолуција која го поддржува територијалниот интегритет на Украина, основен принцип на Повелбата на ОН што сите земји мора да ја потпишат кога ќе се приклучат на светската организација.
Во инвазијата која започна на 24 февруари 2022, загинаа десетици илјади луѓе од двете страни, а дел од украинските градови беа уништени. Влијанието на војната се почувствува низ целиот свет со скок на цените на храната и горивото и зголемена инфлација.