Казнети, разрешени, ранети...
МАКЕДОНИЈА - Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки за претпазливост на новинарот Драган Павловиќ Латас и на јутуберот Стефан Лазаров во врска со обвинителниот предлог за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Двајцата добија забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, а на Латас привремено му е одземен и пасошот, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.
МАКЕДОНИЈА - Со 36,2 милиони евра Владата најавува ревитализација на шест големи хидроелектрани кои обезбедуваат помеѓу 20 и 30 проценти од вкупното производство на електрична енергија во земјава. Инвестицијата ќе биде покриена со заем од 25 милиони евра од Кредитната банка за обнова КФВ, 11,2 милиони евра грант од ЕУ од ВБИФ и 0,2 милиони евра од германската Влада. Ревитализацијата во наредните две години ќе се одвива на хидроелектраните Вруток, Врбен,Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица.
АВСТРИЈА - Повеќето од учесниците во зимската сесија на парламентарното собрание на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) ја напуштија просторијата во времето кога својот говор го започна претставничката на руската Дума Пјотра Олегович Толстој. Говорејќи пред повеќе од 300 учесници, рускиот претставник испрати навреди на извештајот на другите учесници на својот мајчин јазик, нарекувајќи ги меѓу другото „нацисти“.
ХОЛАНДИЈА - Европската судска власт, воспостави нов центар за испитување на злосторствата за агресијата на Русија во Украина. Агенција на Европската унија за правда со седиште во Хаг, на 23 февруари соопшти дека Центарот ќе биде дел од тековната структура за поддршка за заедничката истрага TTEAM (JIT), што обезбедува „оптимално усогласување“ помеѓу истрагите за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцидот и злосторството на агресијата во Украина.
МАКЕДОНИЈА - Училиштето да организира учење на далечина односно он лајн настава во деновите кога ќе има заканувачка дојава за бомба, наместо како досега целосен прекин или распуштање на наставата е една од неколкуте насоки кои ги даде Министерството за образование и наука. Во дописот од МОН до основните и средните училишта се посочени и насоки и начини за користење на електонски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Група активисти истурија стотици литри жолта и сина боја на патот пред портите на руската амбасада во Лондон на 23 февруари за да создадат огромно украинско знаме. Овој потег доаѓа во пресрет на одбележувањето на една година од инвазијата на Москва врз Украина.
МАКЕДОНИЈА - Над 17 илјади здруженија во земјава ќе ги проверува Комисијата за употреба на историски имиња која функционира во рамките на Министерството за правда, по иницитива на Централниот регистар. Оттаму до Комисија за проверка се испратени ите документи кои ги поседува Централниот регистар за овие здруженија заедно со статутите и програмите до Комисијата, изјави дикреторката Марија Бошковска-Јанковски за ТВ 24.
УКРАИНА - Централната банка на Украина промовираше комеморативна банкнота по повод првата годишнина од инвазијата на Русија. На едната страна на банкнотата од 20 гривни ( 0.54 долари), се претставени тројца војници кои го подигнуваат националното знаме, на другата страна на банкнотата од 20 гривни (0,54 долари) има слика на две раце врзани со трака, очигледна алузија на наводните воени злосторства сторени во Украина, за што Киев ги обвини руските сили.
РУСИЈА - Бизнисменот поврзан со Кремљ, Евгениј Пригожин, кој е и ко-основач и сопственик на платеничката група Вагнер, вели дека неговите единици почнале да добиваат муниција откако го обвини Министерството за одбрана за предавство, затоа што прекинало да им дава муниција. Прес-службата на Пригожин на 23 февруари соопшти дека Пригожин бил информиран дека им е испратено муниција.
САД / МАКЕДОНИЈА - Соединетите Американски Држави со нови 31 милион долари финансиска поддршка, продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата, информираше Министерството за одбрана. Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ, за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО, велат од Министерството.
МАКЕДОН ИЈА - Најголемата опозициска партија во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ го осуди говорот на собранискиот спикер Талат Џафери упатен кон пратеникот од нивните редови Игор Јанушев, реагираат од партијата.
Бараат итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана. Пратениците работеа ноќеска по полноќ дискутирајќи за разрешување на министри во Владата. Во еден момент од ноќната седница, дојде до расправија меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратеникот Јанушев, кој претходно во обраќање од говорница го спомна синот на Џафери читајќи актуелни вести.
МАКЕДОНИЈА - Пратениците на денешната 104 собраниска седница ги разрешија министрите од Алтернатива - за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. „За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани.