Училиштето да организира учење на далечина односно он лајн настава во деновите кога ќе има заканувачка дојава за бомба, наместо како досега целосен прекин или распуштање на наставата е една од неколкуте насоки кои ги даде Министерството за образование и наука. Во дописот од МОН до основните и средните училишта се посочени и насоки и начини за користење на електонски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата.
Ова се итните мерки кои МОН им ги испрати на директорите на училиштата, со цел, како што се вели во соопштението, да се овозможи непречено реализирање на воспитно- образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина.
Видете и ова: Дојави за бомби во 14 скопски школиПолицијата евакуира 14 училиштата во Скопје откако на 23 февруари на електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Вчера имаше дојави за бомби во над 60 училишта во Скопје и во една градинка, како и во едно училиште во Прилеп. Претходно, во изминативе месеци дојави за бомби имаше и во институции и трговски центри.