Најголемата опозициска партија во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ го осуди говорот на собранискиот спикер Талат Џафери упатен кон пратеникот од нивните редови Игор Јанушев, реагираат од партијата.
Бараат итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана.
Пратениците работеа ноќеска по полноќ дискутирајќи за разрешување на министри во Владата. Во еден момент од ноќната седница, дојде до расправија меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратеникот Јанушев, кој претходно во обраќање од говорница го спомна синот на
Џафери читајќи актуелни вести. Синот на Џафери, Барлет, е новоизбран обвинител и се најде на списокот на роднини на функционери кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители.
Претседателот на Собранието рече дека Јанушев, а ниту многу од пратениците не може да му дојдат ниту до малиот прст на синот на Џафери. Тој рече и дека неговиот син не се шета по судници, а Јанушев има проблем со судници.
По куса расправија, ситуацијата се смири.
„Џафери треба да сфати дека не е во шума или на ливада со стадо, од каде очигледно го влече примитивниот однос, туку заради сила на околностите, и тој е дел од законодавниот дом, каде треба да поаѓа од демократски принципи на меѓусебно почитување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат Џафери јавно да се извини