Пратениците на денешната 104 собраниска седница ги разрешија министрите од Алтернатива - за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
„За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани.
Пратениците ја почнаа расправата по втората точка, за изборот на новите министри предложени од Владата, за правда, здравство, за информатичко општество и за животна средина.
Седницата за реконструкција на Владата започна на 13 февруари. До реконструкцијата дојде откако на владиното мнозинство им се приклучи партијата Алијанса за Албанците, по што партијата Алтернатива ја напушти Владата.