Дојави за бомби во 14 скопски школи

Полиција пред скопската гимназија Јосип Броз поради дојава за бомба, Скопје, архивска фотографија.

Полицијата евакуира 14 училиштата во Скопје откако на 23 февруари на електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа.

„Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Вчера имаше дојави за бомби во над 60 училишта во Скопје и во една градинка, како и во едно училиште во Прилеп. Претходно, дојави за бомби имаше и во институции и трговски центри.

Видете и ова: Се удвои бројот на училишта до кои стигнале дојави за бомби

Дојави за поставени бомби уште во октомври почнаа да стигаат на електронските адреси прво на училишта, а потоа и на други објекти. Досега сите испратени дојави за поставени бомби, по проверките, се покажа дека се лажни.