Американската министерка за финансии најави 10 милијарди долари помош за Украина

Американската министерка за финансии Џенет Јелен

Американската министерка за финансии Џенет Јелен ги засили повиците за зголемена финансиска поддршка за Украина за да и се помогне на земјата во борбата против едногодишната руска инвазија.

Соединетите Американски Држави подготвуваат дополнителна економска помош од 10 милијарди долари во наредните недели.
Јелен, говореше на прес-конференција во индискиот град Бангалор, каде се собраа шефовите за финансии на земјите од Групата 20.

Таа вели дека е клучно Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) „брзо да се придвижи“ кон целосна финансирана програма за заем за Украина.
„Како што претседателот Бајден рече, ние ќе останеме со Украина во нејзината борба – колку што ќе биде потребно“, додаде Јелен, велејќи дека поддршката за Украина ќе биде главната тема за време на нејзиниот престој во Индија.

Видете и ова: Бајден од Полска: Украина никогаш нема да биде победа за Русија

Таа вели дека санкциите наметнати на руската економија ја изолираат и ја деградираат нејзината продуктивност.

Украина од ММФ бара повеќегодишна програма од 15 милијарди долари, рече премиерот на Украина Денис Шмихал во понеделникот по состанокот со директорката на меѓународната организација Кристалина Георгиева во Киев.