Зеленски предлага санкции против руските финансиски институции

Украина – Украинскиот претседател Володимир Зеленски. Киев, 21 февруари 2023 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе резолуција до членовите на украинскиот парламент со која ја потврдува одлуката на неговиот Совет за национална безбедност и одбрана да воведе сеопфатни санкции против руските финансиски институции.

Документот пропишува посебни секторски санкции за период од 50 години за сите банки регистрирани и лоцирани во Руската Федерација.

Конкретно, санкциите ја вклучуваат централна банка на Русија, небанкарски кредитни институции, оператори на платен систем, професионални учесници на берзата, осигурителни компании, инвестициски фондови и други финансиски институции регистрирани и кои обезбедуваат услуги во Русија.

Не е јасно како санкциите би можеле да влијаат на подружниците во странска сопственост кои работат во Русија, кои првично ги избегнаа некои од најстрогите меѓународни санкции по инвазијата.

Видете и ова: Путин го обвинува Западот за војната во Украина


Мерките вклучуваат забрана за трансакции кои вклучуваат имот во сопственост на финансиски институции на Руската Федерација, забрана за воспоставување деловни односи, вклучително и кореспонденција, како и забрана за трансакции и инвестиции во работата на руските финансиски институции.

Тие исто така вклучуваат купување на хартии од вредност и други финансиски инструменти издадени од руски субјекти, со некои исклучоци.

Според некои проценки, повеќе од 80 отсто од рускиот банкарски сектор веќе е покриен со западните санкции поради инвазијата на Украина.