Обвинителството оформи предмет за смртта на двајца пациенти во Прилеп

ЈЗУ Општа болница Прилеп

Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во Општата болница Прилеп - жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале, соопштија од обвинителството.

„Исто така, Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза“, се вели во соопштението.

Видете и ова: Откако млад пациент почина од сепса вонредна инспекција во штипска болница

По овие случаи сите оперативни сали во болницата се затворени. Надлежен јавен обвинител издал барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот здравствен инспекторат и од болницата.

Како што се посочува во соопштението, издадена е и наредба до полицијата да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите.