Властите во Србија го забранија собирот на ултрадесничарските организации кој беше најавен дека ќе се одржи на 24 февруари, на годишнината од руската инвазија врз Украина. Десничарските организации на своите канали на Телеграм соопштија дека собирот бил планиран да се одржи со цел да се даде поддршка на Русија, но и како протест против апсењето на нивните поддржувачи.
Останува неизвесно дали ќе одржи собирот, и покрај државната забрана, бидејќи во меѓувреме десничарите повикаа на собир и молитва во една од црквите на СПЦ во центарот на Белград.
Видете и ова: Кои се српските доброволци „Сава“ и „Дунав“ кои војуваат во Украина?Забраната доаѓа откако на последниот екстремно десничарки протест кој се одржа на 15 февруари, во центарот на Белград, полицијата ги спречи демонстрантите да влезат во зградата на Претседателството на Србија, а двајца од нив завршија во притвор.
Протестот беше организиран од десничарската организација „Народна патрола“, која има блиски врски со руската платеничка група Вагнер која се бори во Украина, а барањето беше власта да се повлече од преговорите со посредство на Европската унија за нормализација на односите со Косово.