Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска оцени дека светот никогаш не бил поблиску до трета светска војна и дека актуелниот американски претседател Џо Бајден го турка светот во војна со своите постапки за поддршка на Украина.
„Ако погледнете и сфатите какви чекори презема Бајден во врска со Украина, ќе видите дека тој систематски, но можеби несвесно, нè турка во она што наскоро може да се претвори во трета светска војна“, рече Трамп во видеото објавено на неговиот профил на Трут Сошал (Truth Social).
Видете и ова: Мета ќе ги врати сметките на Трамп на Фејсбук и ИнстаграмПо повод годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, тој изјави дека војната никогаш немаше да се случи ако тој беше на чело на земјата, бидејќи додека бил претседател ги отфрлил сите „погубни совети“ на вашингтонските генерали, бирократи и дипломати кои знаат само како да ги вовлечат САД во конфликт, но не и како да излезат од него.
Русија пред една година ја почна инвазијата врз Украина и окупира делови од украинската територија. Западот ѝ помага на Украина да се одбрани и воведе жестоки економски санкции против Москва.