Папата Франциск денеска рече дека војната во Украина е „апсурдна и сурова“ и повика на прекин на огнот и преговори, два дена пред првата годишнина од руската инвазија врз соседната земја, која почна на 24 февруари 2022 година.
За време на неговото обраќање, Франциск ја нарече „тажна годишнина“ и рече дека е „близок со маченичкиот украински народ“.
Папата додаде дека „вистинската победа“ во Украина „не може да се гради на урнатини“.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година и окупира дел од украинската територија. Западните земји ја поддржуваат Украина, ѝ помагаат да се брани, и воведоа санкции против Русија.