Шоуменот и неформален сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, бара прием од шефот на Обвинителството за борба против организиран криминал Ислам Абази, за како што наведува, за да поднесе кривични пријави и да му предаде „бомби“ за настани поврзани со корупција и криминал од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис заедницата...
Јовановски кој е правосилно осуден во „Рекет“ и првостепено во „Меѓународен сојуз“, го пратил писмото до Абази на 16 февруари, но бидејќи досега обвинителот не го примил, адвокатскиот тим на Боки-13 го испрати писмото до јавноста.
Како поткрепа на пријавите, тој ќе доставел докази во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи (т.н бомби).
Адвокатите на Јовановски апелира со внимание да се следи процесот, оти како што наведуваат, тој по почнување на овој процес ќе биде изложен на интензивна тортура, притисоци и закани.
Боки -13 издржува затворска казна во затворот Идризово. Тој е осуден за перење пари и дела поврзани со измама.