Поранешната советска република Белорусија ќе ги прошири своите кривични закони за да дозволи смртна казна за државни службеници и воен персонал, за „велепредавство“.
Ова го одлучи парламентот во Минск во последното читање на нацрт-законот, во вторник, 21 февруари, пренесува новинската агенција Белта.
Предлог-законот сепак мора да биде одобрен и од Горниот дом на парламентот, Советот на Републиката, пред да биде потпишан од авторитарниот владетел Алаксандар Лукашенко.
Видете и ова: Лукашенко вели дека ќе се вклучат во војната само ако се нападнатиБелорусија е единствената земја во Европа која сè уште практикува смртна казна. Лани, земјата привлече меѓународни критики за проширувањето на употребата на смртната казна за подготовка на терористички акти.
Ова беше одговор на случаите на саботажа на железницата, од страна на белоруски активисти, за да се запрат нападите на руските трупи врз Украина. Лукашенко ја стави својата земја на располагање на Русија, како база за воени операции против нивниот сосед, но досега Белорусија не зема активно учество во борбите.
Илјадници луѓе се затворени во Белорусија од политички причини откако Лукашенко го скрши народното движење против него, останувајќи на функцијата есента 2020 година. Откако тој дојде на власт во 1994 година, во земјата беа извршени повеќе од 400 егзекуции.