Столтенберг ја повика Русија да не го прекинува учеството во Договорот СТАРТ

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се обратија на конференција за медиуми во седиштето на НАТО во Брисел, вторник, 21 февруари 2023 година

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 21 феврурари изјави дека жали поради одлуката на Русија да го суспендира своето учество во најновиот билатерален договор за контрола на нуклеарното оружје СТАРТ и ја повика Москва повторно да размисли.

За време на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, одржана набргу откако претседателот Владимир Путин го упати предупредувањето до Западот за Украина, Столтенберг рече дека Русија е агресорот.

„Претседателот Путин е тој што ја започна оваа империјална освојувачка војна... Како што денеска јасно стави до знаење Путин, тој се подготвува за уште војна... Путин не смее да победи... Тоа би било опасно за нашата сопствена безбедност и за целиот свет“, додаде Столтенберг.

Видете и ова: Русија се повлече од Договорот со САД за нуклеарно оружје

Русија го запира учеството во Новиот договор СТАРТ со Соединетите Американски Држави, со кој се ограничува стратешкиот нуклеарен арсенал на двете страни, изјави рускиот претседател Владимир Путин во вторникот за време на говорот до нацијата.

Новиот договор СТАРТ беше потпишан во Прага во 2010 година, стапи на сила следната година и беше продолжен во 2021 година за уште пет години, веднаш откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде функцијата.