ОН - Повеќе од 8.000 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Украина- Уништени згради од руски напади, 15 јануари, 2023

Обединетите нации соопштија дека руската војна во Украина предизвикала повеќе од 21.000 цивилни жртви од нејзиниот почеток на 24 февруари. Од нив 8.006 се убиени, а 13.287 ранети.

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Тирк во изјава на 21 февруари рече дека најпогодени се многу младите и оние кои се многу стари, предупредувајќи дека бројките на ОН се „само врвот на ледениот брег“.

Мисијата на ОН за човекови права во Украина, која има десетици набљудувачи во земјата, рече дека очекува реалниот број на жртви да биде „значително поголем“ од официјално објавениот, бидејќи процесот на потврдување на податоците продолжува.

Видете и ова: Извештаи: Русија ставила илјадници украински деца во кампови за превоспитување

Турк рече дека околу 14 милиони луѓе биле раселени од своите домови поради конфликтот.

Околу 90 отсто од цивилите загинале во експлозии предизвикани од артилериски ракети и гранати, се наведува во извештајот.