Во тек се антитерористички проверки откако на електронските адреси на повеќе институции и објекти, меѓу кои и во вилата на Претседателот на државата и во Уставниот суд, утрово се пристигнати закани за поставена експлозивни направи, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Кабинетот на претседателот информираат дека претседателот ги почитува насоките на МВР за вакви прилики.
Нагласуваат дека претседателот Пендаровски денеска ќе ги извршува редовните работни обврски согласно планираната агенда на активности.
Дојави за поставени бомби добиле Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, приватни станбени згради како Флет Ајрон и Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, хотелите Мериот, Александар Палас, спортски центар Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и Фудбалска федерација на Македонија.
Вчера, како што информира МВР, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените проверки од тимови за антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Инаку, лажните дојави се испраќаат од месец октомври. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се работи за хибридна војна, а на испраќачите тешко им се влегува во траг.
Во неколку наврати имаше приведени, меѓу нив и малолетници, кои се сомничат дека праќале вакви мејлови.