Највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, кој оваа недела треба да ја посети Русија на една година од нејзината инвазија на Украина, на 20 февруари повика на преговори и мир за доброто на светот.
„Би сакале политичко решение за да обезбеди мирна и одржлива рамка за Европа“, рече Ванг за време на престојот во Унгарија.
Кина ја смета Русија за сојузник, кој ја балансира глобалната сила на САД и досега се воздржуваше од осуда на инвазијата на Украина, додека постојано бараше мир.
Видете и ова: САД ја предупредија Кина на сериозни последици ако помага на РусијаНа 24 февруари минатата година, Русија започна инвазија на Украина во која се убиени илјадници луѓе, милиони беа протерани од Украина, а градовите се претворени во урнатини.
Деновиве руските сили продолжуваат да ги напаѓаат воените позиции и цивилните населби во источна и јужна Украина и покрај тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека руските загуби во Донецк се „исклучително значајни“.