Нов силен земјотрес во турско-сирискиот пограничен регион

Спасувач стои пред урнатините во близина на урната зграда, 248 часа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди делови од Турција и Сирија, во Кахраманмарас на 16 февруари 2023 година.

Земјотрес со јачина од 6,2 до 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 2 километри го погоди турско-сирискиот пограничен регион на 20 февруари, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Како што соопшти турската агенција за управување со катастрофи Афад, епицентарот на земјотресот е во градот Дефне во провинцијата Хатај, а се случил во 18 часот и 4 минути по средноевропско време.

Земјотресот беше силно почувствуван од новинарите на АФП во Антиохија и Адана, 200 километри северно од епицентарот.

Видете и ова: Лекари без граници бараат итна помош за Сирија

Телевизијата НТВ јави дека некои оштетени згради се урнале поради земјотресот, но засега нема извештаи за жртви, пренесува агенцијата АП.

Турската државна агенција Анадолија јави дека земјотресот се почувствувал во Сирија, Јордан, Израел и Египет.

Извештајот дојде неколку часа откако американскиот државен секретар Антони Блинкен ја посети турција.

Блинкен рече дека Вашингтон ќе и помогне на Турција „колку што е потребно“.

Изјавата доаѓа по разорните земјотреси во истиот регион пред две недели, во кои загинаа повеќе од 47.000 луѓе.