Европската унија ги замрзна средствата и објави визна забрана за иранскиот министер за образование Јусуф Нури и министерот за култура Мухамед Мехди Есмаили како дел од петтата рунда санкции против Иран.
Според податоците објавени во Службениот весник на ЕУ, новите мерки се насочени против 32 лица и две фирми, парламентарци, службеници на судството и затворските служби обвинети за вмешаност во репресалии против демонстрантите.
Иран минатата година беше зафатен од протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини, откако беше уапсена поради кршење на исламскиот кодекс на облекување.
Видете и ова: Нови антивладини протести во ИранСпоред ОН, Иран по протестите уапси најмалку 14.000 луѓе. Четири лица беа егзекутирани, а најмалку 18 лица беа осудени на смрт.
Со последната рунда санкции е опфатен и министерот Есмаили за прогон на уметници и режисери кои не ги поддржуваа властите.
Нури е на црната листа за апсење и прогон на студенти кои учествувале во протестите.
Во новата листа има судии, обвинители и службеници од затворската служба.
ЕУ претходно воведе санкции за 70 ирански функционери и компании поради пресметки со демонстрантите, вклучително и членови на полицијата за морал, водачи на иранската Револуционерна гарда и државни медиуми.