Нови антивладини протести беа организирани во неколку населби во Техеран, при што демонстрантите продолжија да покажуваат пркос поради смртта на Махса Амини која беше приведена поради наводно неправилно носење хиџаб.
Протестите што го зафатија Иран започнаа во септември минатата година, откако Амини почина во притвор.
Во населбата Екбатан во Техеран, еден од епицентрите на протестите во изминатите четири месеци, демонстрантите извикуваа антивладини слогани поради извештаите дека безбедносните сили поставиле контролни пунктови на влезовите во областа, додека апсењата на жителите продолжуваат.
Видете и ова: Западните сојзуници загрижени поради воената соработка меѓу Русија и ИранСлични сцени беа пријавени и во други населби во Техеран, како и во други делови на земјата, вклучувајќи ги Јасуџ, Рашт и Бандар Абас.
Немирите беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември во притвор на таканаречената морална полиција.
Нејзината смрт, за која властите рекоа дека е последица на срцев удар, предизвика бран антивладини протести низ целата земја. Властите се соочија со немирите со сурово задушување во кое според групите за човекови права загинаа повеќе од 500 луѓе, вклучително и 71 дете.
Официјални лица, кои го обвинуваат Западот за демонстрациите, ветија уште посилно сузбивање на демонстрантите.
Протестите претставуваат најголема закана за исламската влада од револуцијата во 1979 година.
Неколку илјади луѓе беа уапсени, меѓу кои и многу демонстранти, како и новинари, адвокати, активисти, бранители на дигитални права и други.