Висок претставник на Вселенската патријаршија на 20 февруари во Бигорскиот манастир во Македонија одржа заедничка литургија со претставниците на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Високопреосвештениот митрополит на Имврос и Тенес Кирил, одржа заедничка литургија со
со митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј и епископот Антаниски Партениј.
Празничната литургија беше во чест на светиот Партениј Лампсакиски.
Митрополитот Кирил на владиката Тимотеј му подари сребрен јубилеен медалјон, во чест на 30-годишнината од патријаршиската служба на патријархот Вартоломеј.
Владиката Тимотеј изрази желба дека патријархот Вартоломеј за скоро време ќе ја посети Македонија и Охрид и ќе го додели очекуваниот томос за автокефалност од Вселенска Патријаршија.
Владиката Кирил доаѓа од Имврос, родното место на вселенскиот патријарх, каде што ја извршува својата архијерејска должност, информираше претходно отец Кирил.
Освен посетата на митрополитот на Имврос и на Тенедос, во Бигорскиот манастир, по повод празникот на Свети Партениј Лампсакиски и именденот на игуменот епископ Партениј, допатува и познатиот атински хор по источно православно црковно пеење „Тропос“, кој важи за еден од најдобрите хорови во православниот свет.
По повеќе од половина век минатата година МПЦ се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква. Со тоа заврши црковниот раскол почнат уште во 1967 година, кога МПЦ еднострано прогласува автокефалност од Српската православна црква.
Македонската црква очекува томос од Вселенската патријаршија за автокефалност.