Бугарската полиција пронајде 43 мигратни во минибус

Камионот во кој, во Бугарија на 17 февруари, беа пронајдени загинати 18 мигранти

Бугарската полиција на 19 февруари пронајде минибус со 43 мигранти во близина на градот Ихтиман, 55 километри југоисточно од главниот град Софија, јавува бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Окружниот обвинител на Софија Наталија Николова денеска за БТВ изјави дека 10 од мигрантите се деца. Таа рече дека се чини оти сите мигранти се здрави.

Оваа акција на полицијата, доаѓа откако 18 мигранти беа пронајдени мртви на 17 февруари во напуштен камион во близина на Софија. Во тешка состојба се пронајдени уште 34 лица. Во тој случај обвинети се пет лица.

Видете и ова: Уапсени седум лица во Бугарија откако во камион беа пронајдени тела на 18 мигранти

Според Николова, возачот на минибусот наполнил гориво, но не платил, по што патролно возило ги запрело и полицијата утврдила дека во комбето има мигранти.