Документарецот за Навални добитник на БАФТА

Режисерот на документарниот филм Навални, Даниел Роер

Документарниот филм Навални, во режија на канадскиот режисер Даниел Роер, е добитник на наградата БАФТА, врвно британско филмско признание, за „Најдобар документарен филм“.

Филмот, кој ја освои наградата на церемонијата во Лондон на 19 февруари, ги следи настаните околу труењето на рускиот политичар Алексеј Навални, во август 2020 година, вклучувајќи го неговото лекување и рехабилитација во Германија, неговиот обид да го истражи инцидентот и апсењето по враќањето во Москва. Филмот не е јавно прикажан во Русија.

Навални, кој се смета за голем критичар на Кремљ, сега е во затвор во Русија, а случаите против него ги смета за политички мотивирани.

Доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) се одржа синоќа.