Продолжуваат руските напади во Украина и покрај „исклучително значајните“ загуби

Украински војник стои во близина на воено возило во градот Бахмут во првата линија на фронтот во регионот Донецк, Украина, 19 февруари 2023 година.

Продолжуваат руските неселективни напади по воени и цивилни цели во источна и јужна Украина, соопштија на 20 февруари украинските власти, и покрај тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека руските загуби во клучните области до регионот Донецк биле „исклучително значајни“.

Русија изврши 10 ракетни напади и 25 воздушни напади во источниот регион Луганск и Доњецк, како и во јужниот регион Запорожје, соопшти Генералштабот на украинската војска во својот дневен извештај, додавајќи дека 62 напади од повеќе ракетни фрлачи биле регистрирани и долж линијата на фронтот.

„Непријателот продолжува да ги фокусира своите главни напори на изведување офанзивни дејства во насоките Купјанск, Лиман, Бахмут, Авдијивка и Шахтјор“, се вели во соопштението.

Генералштабот соопшти дека во гранатирањето биле убиени и ранети цивили, но не се наведуваат детали. Од Генералштабот предупредија дека останува висока заканата од руски напади ширум Украина.

Видете и ова: ЕУ ќе и помогне на Украина со нова процедура за набавка на муниција


Зеленски на 19 февруари рече дека неговите сили и нанеле „извонредно значајни“ загуби на руската војска во борбите во Доњецк околу Бахмут и Вухледар.

„Ситуацијата е многу тешка“, рече Зеленски во видео обраќање на 19 февруари.

Руската инвазија на Украина започна пред речиси една година, на 24 февруари 2022.