Временска прогноза- Натпросечно топло

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје максималната температура ќе достигне до 16 степени.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Видете и ова: Изминатото лето во Европа беше најжешкото во историјата на мерењата

Утре ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и со благ пад на дневните температури. Поголемо наоблачување се очекува и на крајот од работната недела.