Руските власти национализираа повеќе од 700 имоти на Крим

КРИМ - Илустрација, февруари 2023 година

Околу 700 имоти во Крим, кој што е окупиран од Русија, се национализирани од тамошните власти инсталирани од Москва, пренесува рускиот сервис на РСЕ.

Руските медиуми на 19 февруари објавија дека функционерот на Крим, Владимир Константинов, поставен од Кремљ, рекол дека имотот кој што бил национализиран вклучува компании, згради, магацини и многу други предмети кои им припаѓаат на украински бизнисмени и политички фигури кои го поддржуваа Киев во неговиот конфликт со Москва.

Видете и ова: Дали ново оружје за Украина ќе ја принуди Русија да се повлече?

Претходно, Сергеј Аксјонов, раководителот на Крим кој е поставен од Русија, рече дека сите приходи од запленетите средства ќе бидат потрошени за неиспровоцираната војна на Русија против Украина.

Во 2014 година, Русија илегално го анектираше украинскиот полуостров Крим откако руските сили ја окупираа територијата, а ги поддржа сепаратистите во украинските региони Доњецк и Луганск кои се борат против Киев.