Министерките на Минхенската конференција го осудија ограничувањето на правата на жените во Авганистан

Илустрација

Единаесет жени-министерки за надворешни работи кои присуствуваа на Конференцијата за безбедност во Минхен, објавија заедничка изјава во која ги осудуваат одлуките на авганистанските талибанци „да ги исклучат жените од целиот јавен живот“.

„На жените им е лишено правото да посетуваат училишта и универзитети, жените не се шетаат по паркови, а сега исто така се оневозможени да работат во хуманитарни организации“, се наведува во соопштението, во кое ги повикуваат талибанците итно да ги укинат ограничувањата за жените.

Видете и ова: Протести во Авганистан поради забраната за образование на жените

Во соопштението, исто така, се изразува поддршка за „храбрите жени и мажи од Иран во нивната секојдневна борба за нивните права и слобода“.

Откако го презедоа Авганистан во август 2021 година, талибанците им забранија на жените и девојчињата да одат на универзитети и во училишта по шесто одделение и ги избркаа оние што работеа на истакнати позиции.